Српската авиокомпанија „Kон тики скај“ најави дека од мај ќе лета од Скопје до 14 европски града по почетна цена од 45 евра во еден правец. Но засега не е сигурно дали овие летови ќе се реализираат бидејќи авиокомпанијата с`уште нема добиено дозвола од македонската Агенција за цивилно воздухопловство (АЦВ). Авиокомпанијата, која е дел од туроператорот „Kон тики травел“, објави дека од 1 мај ќе почне да лета два пати неделно кон градот Антверпен во Белгија. Од 18 јуни, пак, планира воведување по два лета во текот на неделата до Штутгарт, Хамбург, Берлин, Малме и Истанбул, а три неделно до Анкона, Милано и Болоња. Почести, според најавите, би биле летовите до Рим, Трст, Братислава и Диселдорф, и тоа четири пати неделно, а најфреквентна треба да биде линијата до швајцарскиот град Базел, која ќе се одвива со пет лета во текот на неделата.
Српската авиокомпанија „Kон тики скај“ најави дека од мај ќе лета од Скопје до 14 европски града по почетна цена од 45 евра во еден правец.
Но засега не е сигурно дали овие летови ќе се реализираат бидејќи авиокомпанијата с` уште нема добиено дозвола од македонската Агенција за цивилно воздухопловство (АЦВ).
Авиокомпанијата, која е дел од туроператорот „Kон тики травел“, објави дека од 1 мај ќе почне да лета два пати неделно кон градот Антверпен во Белгија. Од 18 јуни, пак, планира воведување по два лета во текот на неделата до Штутгарт, Хамбург, Берлин, Малме и Истанбул, а три неделно до Анкона, Милано и Болоња. Почести, според најавите, би биле летовите до Рим, Трст, Братислава и Диселдорф, и тоа четири пати неделно, а најфреквентна треба да биде линијата до швајцарскиот град Базел, која ќе се одвива со пет лета во текот на неделата.
Според најавите на компанијата, почетната цена на билетите до поблиските дестинации би изнесувала 45 евра во еден правец, додека за подалечните дестинации би се движела од 70 до 90 евра.
Од АЦВ објаснуваат дека досега не добиле официјално барање од српскиот авиопревозник за одобрување на најавените летови.
- Согласно законската процедура, секоја компанија што планира да изведува летови од земјава треба да достави барање и да добие дозвола од Агенцијата за цивилно воздухопловство. „Kон тики скај“ досега не доставила такво барање. Доколку достави, барањето ќе се разгледа - велат од АЦВ.
„Kон тики скај“ е сопственик на македонската авиокомпанија „Мат ервејз“, која минатата година ја изгуби дозволата за летање. Српскиот авиопревозник засега не објавува со која компанија би ги изведувал новите летови. Извори од воздухопловниот сектор велат дека се планира нив да ги врши авиокомпанија со романска дозвола за оперирање која од Скопје би летала со два типа авиона – „боинг 735-500“ и „авро РЈ 85“.
Истите кругови посочуваат дека веројатно компанијата планира да искористи дел од субвенциите што државата ќе ги издвојува за воведување нови линии и за зголемување на обемот на сообраќајот на двата аеродрома. Односно, дека освен од дозволата што треба да се добие од АЦВ, реализацијата на најавените летови веројатно ќе зависи и од тоа дали ќе успее да ги добие очекуваните субвенции.